April 23, 2024, 10:59 pm

Бoлниците преполни, досега xocпитализирани 1282 пациенти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни, а во Куманово 113 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп  118, во ковид центарот во Гостивар 59, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 64 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот.

Бројките, како што посочуваат од Министерството, се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

– Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1282 и има колку 190 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, наведуваат во соопштението.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство, како што посочуваат, е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 469 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, посочуваат, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, шестмина болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и седум во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 7 нови болни во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

– Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 23 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 16 пациенти, наведуваат од МЗ.

Во ГОБ 8 Септември, додаваат, има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои девет деца и 25 возрасен.

Вкупно 469 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

– И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 60-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This