Бyчкoвcки пoтвpди: 3aeв пpифaќa зaeдничкa истopиja, a ги мeнyвa и yчeбницитe пo гeoгpaфиja и макeдoнcки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не се менуваат само учебниците по историја, туку Владата за да и удоволи на Бугарија ќе ги менува и учебниците по географија и македонски јазик и литература. Ова го потврди специјалниот претставник на владата за Бугарија, Владо Бучковски во интервју за „360 степени“.

Бучковски на прашање како ќе се деблокира процесот и што бара Бугарија, потврди дека ќе се прифати, односно дека клучот е во заедничката историја, а нејзините измени ќе бидат внесени во учебниците на споменатите три предмети.

-Ние се што треба да направиме, а клучот е околу заедничката историја, но ние тоа во самиот договор сме и го оставиле на мултидисциплинарната историско-образовна комисија која мислам дека ќе има клучна улога во создавањето на амбиентот. Не да се форсираат решенија преку ноќ, туку да биде продуктивна, да отвора прашања онака како што е утврдена методологијата и во духот на европските вредности не само во обелоденување на усогласените текстови за заедничко чествување на личностите и настаните од заедничката историја, туку пред се, да се имплементираат во учебниците по историја, географија и литература, рече Бучковски за „360 степени“.

Бидејќи според Бучковски, ова ќе биде нешто што ние треба да го направиме, а како што вели дека заедничката историја ќе се имплементира во учебниците, значи дека од Владата веќе прифатиле дека македонскиот народ и јазик постојат од 1944 година.

Терминот „заедничка историја“ кој сакаат да го протнат, веќе неколку пати е објаснет од бугарска страна и јасно прецизиран. Така според барањето на Бугарија, под заедничка историја се подразбира дека се од македонската историја што е пред 1944 година и припаѓа на Бугарија, а не на Македонија. односно тоа според бугарското барање значи дека македонците се до 1944 година, односно до АСНОМ, биле Бугари, вклучително и илинденскиот период и секако Гоце Делчев кои се основата на македонскиот идентитет. Воедно прифаќањето на заедничка историја, значи и прифаќање дека македонскиот јазик произлегол како дијалект на бугарскиот, и дека тој бил бугарски се до Првото заседание на АСНОМ и постои како посебен само од 1944 година. Прифаќањето на овие услови и нивно имплементирање во учебниците не значи само историски фалсификат, туку подразбира целосно редефинирање на македонскиот идентитет.

Ако прифаќаме дека илинденскиот период и припаѓа на Бугарија, тогаш ќе значи дека и ние самите сме Бугари, а јазикот бугарски дијалект. Понатаму Македонија ќе нема право ниту на Народноослободителната борба бидејќи таа започнала во 1941 година, што значи во периодот на заедничката историја, и тоа ќе значи дека тоа не било борба за слобода, туку идеолошка граѓанска војна на еден народ.

Дека се ова станува реалност можеме да заклучиме од промените кои власта ги прави во заедничката комисија за историски и образовни прашања, каде досега двајца членови се променети, но и дека двајца од тие кои не се променети учествуваат во новиот Концепт за основно образование со кој владата го укинува предметот историја како посебен предмет. Со ова се потврдува сомнежот дека т.н. Акционен план кој владата го направи за да го реши спорот со Бугарија, почнува со промена на идентитет, историјата и јазикот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This