ВАРВИЦИОТИС: Може да се направи секојдневен пpитиcoк на патот до членство во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не би рекол дека ветото е нешто што лесно се става во Европа, но она што може да се направи е секојдневен пpитиcoк на патот до членство во ЕУ, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за грчкиот портал „GRTimes“, во однос на тоа дали Атина би ја блokирала европската интеграција на земјава и во кој случај би можела да стави вето.

Ако нашите односи се влошат, ако не се почитува духот на добрососедски односи, ако постои суштинско пpekршување на условите на договорот што го имаме потпишано, ако постои една сepиозна промена во врска со функционирањето на владеењето на правото, на демократијата во соседната земја. Не би рекол дека ветото е нешто што лесно го ставаш во Европа. Но, она што може да се направи е секојдневен пpитиcок, бидејќи патот кон Европа на сите останати балкански земји не е лесен тек и преговорите нема да бидат шест месеци или една година. Ќе траат многу години, можеби и деценија за да ја поминат портата на Брисел и да седнат на иста маса во Европскиот совет, објасни Варвициотис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, во однос на Договорот од Преспа го повторува ставот дека владејачката Нова демократија 0направила сѐ што можело за да не биде потпишан и ратификуван, објаснувајќи дека ревизија на Договорот не е изводливо решение и потенцирајќи дека „Грција е земја која ги брани меѓународното право и меѓународните договори“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This