Додека ракометарите на Вардар го играа натпреварот против европскиот првак Монпелје во салата „Јане Сандански“, американскиот претседател, Доналд Трамп во Мериленд говореше на конференцијата на Американскиот конзервативен сојуз (СРАС 2019) во Мериленд.
Ревносните новинари пресметале дека Трамп говорел 2 часа, 2 минути и 17 секунди што е неговиот најдолг говор во досегашнато претседателствување. Очигледно дека долгиот говор бил досаден на моменти, па некој од присутните на мобилниот телефон го гледал натпреварот на Вардар, што покажува фотографијата која се појавила на социјалните мрежи.