ВАШИНГТОН: Македонците во САД го одбележаа св. Кирил и Методиј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под покровителство на иселеничката организација Форум за демократска Македонија, Денот на сесловенските просветители, св. Кирил и Методиј – 24 Мај, беше одбележан во главниот град на САД со пригодно предавање за нивното дело и културно наследство.

Предавањето беше подготвено и презентирано од Анета Георгиевска-Шајн, историчар на уметност и предавач на Универзитетот на Мериленд и музејската институција Смитсонијан. Во него беа опфатени бројни елементи на делото, мисијата и историското значење на овие просветители – од формирањето на глаголското писмо и неговата улога во ширењето на писменоста кај повеќе словенски народи, до културното наследство поврзано со нивното дело, вклучувајќи средновековни црковни зданија и ракописи, но и оние од поновиот период.

Настанот се одржа во просториите на Амбасадата на Република Македонија, а беше проследен со прием во чест на овој голем празник.

На настанот присуствуваа американски граѓани од разни сфери на јавниот живот, но и гости од други амбасади, вклучувајќи и од соседните држави.

Форумот за Демократска Македонија, како што наведуваат на нивниот фејсбук профил, преку своите претставници и членови на разни места во светот, ќе продолжи да организира слични настани насочени кон афирмација и валоризација на македонскиот јазик, идентитет и културно наследство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This