April 25, 2024, 12:36 am

„ВЕИБО“ СИ ЗАМИНУВА ОД КРИВА ПАЛАНКА: Си замина првиот инвеститор, стотици вработени на улица – протести во Крива Паланка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За само 8 месеци од доаѓањето на СДСМ на власт се затвора уште една фабрика во Крива Паланка. Поради катастрофалните економски политики на власта предводена од Зоран Заев на улица остануваат околу 150 вработени од кривопаланечката фабрика Веибо.

СДСМ ја враќа Македонија во времето на транзицијата кога секојдневно се затвораа фабрики, а стотици илјади граѓани останаа без основни средства за живот.

Загрижени како ќе го прехранат семејството, вработените од фабриката денес протестираа пред зградата на општина Крива Паланка каде го искажа својот револт. Тие побараа средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој немајќи храброст да се соочи со нив општинската зграда ја напуштил од задниот влез и како замена испратил неодамна вработен службеник да оствари формална средба со револтираните работници.

 

Иако Мицевски пред локалните избори при неговата посета на оваа фабрика на вработените ветуваше многу, денес немаше доблест да одвои време за нив и да ја сослуша нивната мака. После ваквиот однос на градоначалникот, работниците видно разочарани си заминаа од пред општинската зграда и најавија дека протестите ќе продолжат.

Оваа фабрика е уште една во низата на затворени фабрики во Крива Паланка по доаѓањето на СДСМ на власт. Застрашувачки е податокот дека од 150 вработени во текстилната индустрија, сега остануваат помалку од 50 со што градот се соочува со социјална катастрофа.

Пракса од минатото е секогаш кога СДСМ ја има централната и локалната власт, Крива Паланка да се соочува со социјална катастрофа имајќи предвид дека за време на транзицијата која ја спроведе СДСМ над 4000 работници од овој град беа отпуштени од работа.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This