ВЕРБАЛНА НОТА ИЛИ УЛТИМАТУМ ОД АТИНА?: Од понеделник Македонија да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вербална нота што ќе информира дека Грција го ратификуваше и Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, во понеделник ќе испрати Атина до Скопје, според алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, ги објаснува следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено светло за Протоколот за членство во НАТО, а на 25 јануари го ратификуваше Договорот од Преспа.

-Во понеделник ќе биде испратена Вербална нота што ќе информира за ратификацијата на договорот и во продолжение Северна Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име. И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено, објаснува Катругалос, за грчката новинска агенција, пренесе МИА.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија за АНА-МПА, на прашањето дали од следната седмица соседната земја ќе биде обврзана да го користи новото име, одговара позитивно и додава дека Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This