ВЕЧЕРВА ГЛАСАЊЕ ЗА ДОBЕРБА НА ВЛАДАТА: Во грчкиот парламент по тридневна paсправа ќе се гласа за довеpба на владата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерните часови се очекува пратениците да гласаат за довеpба на грчката Влада, со што и ќе заврши тридневната pасправа во Парламентот, додека на гласањето ќе му претходи обраќање на лидерите на политичките партии, а последен, говор ќе одржи грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Според Уставот на Грција и Правилникот за работа на Парламентот, за Владата да добие довеpба, потребно е позитвно да гласаат мнозинството присутни пратеници што не може да биде помало од две петтини од бројот на пратеници односно помало од 120.

Кон средината на јануари, 10 дена пред Ратификацијата на Договорот од Преспа, Ципрас побара довеpба од Парламентот за неговата Влада и доби поддршка од 151 пратеник.

Според распоредот на силите во грчкиот Парламент, се очекува вечерва, 152 пратеници да гласаат за доверба на Владата.

Расправата во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата почна во средата попладне со обраќање на премиерот на Грција, Ципрас.

Иницијативата на грчкиот премиер за потврдување на довербата на Владата дојде по поднесениот предлог од лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис за гласање нeдоверба за алтернативниот министер за здравство на Грција, Павлос Полакис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This