(Видео)БРИШЕЊЕ НА ИСТОРИЈАТА ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ: Коѕијас очекува бришењето на македонската историја да започне по изборите на 15-ти октомври!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Треба да се почекаат изборите во октомври и да се види дали новата Влада во Скопје ќе ја зацврсти својата позиција за да можеме да влеземе во посериозни преговори за решавање на прашањето за името, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за националната телевизија ЕРТ.

Грчкиот министер за надворешни, Никос Коѕиас, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ, најави дека со неговиот македонски колега, Никола Димитров се договориле, да се формира заедничка македонско-грчка комисија од експерти, кои ќе ги разгледуваат македонските учебници, за да се отстранат сите иредентистички изјави, мапи и текстови.

-Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор, вели Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија пред пет дена, коментирајќи ја средбата со својот македонски колега, рече дека разговарале за преземање одредени мерки за справување со иредентизмот и недовербата од двете страни. Уште поинтересно е што Коѕијас вчераутро беше многу подециден и соопшти за што станува збор – од ноември годинава ќе биде формирана заедничка комисија, која околу 4 месеци ќе ги разгледува учебниците. Комисијата ќе има мандат да ги лоцира, а потоа во соодветна процедура да ги отстрани мапите и другите елементи на иредентизам што биле присутни во нашите дидактички материјали. Коѕијас во 20-минутното интервју за државната ТВ говореше за сите аспекти на грчката надворешна политика, го спомена, неизбежно, и прашањето за името, првпат ја коментираше Привремената спогодба меѓу двете земји, а за шефот на македонската дипломатија, кому името му го промени од Никола во Николас, рече дека е интересна личност.

– Спорот за името во заднината крие еден проблем со иредентизам. Се надевам и верувам дека ќе постојат мерки од нивна страна за ограничување на иредентизмот. На пример, во Њујорк се согласивме со доста интересната личност, со министерот за надворешни работи на соседната земја, со господинот Николас Димитров, дека ќе направиме заедничка комисија од ноември, која ќе работи четири месеци и се надеваме дека ќе ја заврши својата работа, која ќе ги разгледа учебниците за да се отстранат иредентизмот и мапите што постојат. Тоа е еден важен чекор што го направиме, но постојат и други за кои преговараме – објасни шефот на грчката дипломатија.

Никос Коѕијас коментираше дека чека да поминат локалните избори кај нас, но и вториот круг, доколку биде потребно, па потоа, како што истакна, нашата влада ќе треба да оцени дали се зајакнува или не и, соодветно со тоа, како што рече, „владата да покаже дали сака и дали може суштински да преговара за решение на спорот за името“. Шефот на грчката дипломатија првпат јавно ја коментираше и Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, за која рече дека има свои недостатоци, особено во делот посветен на нашата интеграција во меѓународните организации. Никос Коѕијас не испушти да спомене дека членството во НАТО и во ЕУ ќе дојде само по решение на името.

– Нашата соседна, пријателска земја, како што велам јас, затоа што нашите народи имаат доста пријателски односи, не може да се интегрира во меѓународна заедница од овој тип како што се НАТО и Европската Унија без да биде решено прашањето за името, во согласност со тоа што го налагаат договорите од 1990-тите, но и Привремената спогодба налага да се реши. Слабата точка на Привремената спогодба беше дека претпоставуваше дека името брзо ќе се реши и затоа даваше можност соседната земја да бара прием во меѓународни организации и не предвидуваше, а тоа е една слаба точка, кои мерки ќе се преземат доколку соседната земја не преговара суштински, затоа што сите овие децении не преговараше – рече Коѕијас во интервјуто за утринската информативна емисија на грчката ТВ ЕРТ.

ПРЕИМЕНУВАЊЕТО ДРЖАВИ, ТОПОНИМИ И ЛИЦА Ѝ Е ОМИЛЕНО „ХОБИ“ НА ГРЧКАТА ВЛАДА
-Коѕијас дури си зеде за слобода пред грчките новинари да го преименува македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во Николас, нарекувајќи го доста интересна личност. Ваквиот гест на шефот на грчката дипломатија најдобро го отсликува карактерот на грчката политика и тоа кој сака да преименува, пишува весникот Нова Македонија во својата анализа.
ЗА КАКОВ ИРЕДЕНТИЗАМ ЗБОРУВА КОЅИЈАС?
-Иредентизам е термин што се однесува на движење, идеологија или програми што се заложуваат за менување на државните граници, со цел етничките малцинства што живеат во други држави да потпаднат под власт на државата каде што тој етникум е мнозинство. Ниедна македонска влада ниту владина програма од осамостојувањето на нашата држава до денес не содржела ниту се залагала за тоа. Сепак, Коѕијас и при претходната официјална средба, во април годинава изјави дека проблемот за името „се поврзува со иредентизам“, кој значи „оспорување на границите“, поради што, како нагласи Коѕијас, „не може во современа Европа како член на Европската Унија да се интегрира држава што има такви иредентизми“, анализира Нова Македонија.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This