(Видео)ВЛАДЕ ДИВАЦ ВЛЕЗЕ ВО КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ НА НБА: Емотиен говор на легендарниот „Југословенски“центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најдобрите кошаркари на просторот на поранешна СФР Југославија на сите времиња, Владе Дивац, ноќеска и официјално стана дел од Куќата на славните на НБА во Спрингфилд како дел од Класата 2019.

Србинот го украде шоуто на претставување на новите членови на друштвото на бесмртните, а со својот говор, во кој говореше и за Балканот, ги разнежи срцата на сите присутни.

„Ние Балканците сме како дисфункционално семејство. Се караме, дискутираме, но на крајот, сепак, сме семејство. За мене кошарката секогаш била околу љубовта, а среќа имав добар агент па успеав и да заработам нешто низ годините“, изјави меѓу другото Дивац, кој осум сезони настапуваше за ЛА лејкерс, а шест за Сакраменто кингс.

Заедно со поранешниот центар на Партизан, во Куќата на славните влегуа уште и Џек Сикма, Сидни Монкриф, Пол Вестфал, Боби Џонс, Ал Атлс, Тереза Витерспун, Бил Фич, како и Чак Купер и Карал Браун постхумно.

Извор: Sport1.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This