April 26, 2024, 11:02 pm

(Видео)ГРУЕВСКИ ЗА АФЕРАТА „ЕВРО ЗА ВИЦЕТО, ЕВРО ЗА ЦРКВАТА“: Cудиjaтa кој го ослободи Заев при експлицитни докази, ме ocуди мене за „Мерцедесот“ без докази!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако добро се сеќавам, пред да стане премиер Зоран Заев беше само градоначалник на Струмица, констатираше водителката која го водеше интервјуто со Никола Груевски за „Пинк 1“ телевизија, објаснувајќи дека позади него има доста валкани афери со примање на мито

„Афери како афери ги има повеќе, има многу. Но има една каде што човекот на кој што тој му барал мито отишол во полиција и пријавил. Полицијата пријавила до обвинителството, и обвинителството издало налог за т.н. ПИ мерки, тоа значи снимање. Полицијата му поставила камери на неговата машна, или одело или не знам каде и тој така отишол во канцеларијата на г-дин Заев каде што е снимен целиот разговор, каде се гледа дека г-дин Заев бара мито и го условува со плаќање на пари за она што законски му следува на тој човек.“ – вели Груевски.

Тој забележува на неколку работи.

„Дел од парите треба да ги даде на неговиот брат. Второ забележливо е како му објаснува дека тоа сите го прават, и му наведува други фирми кои исто така ги оствариле своите права во општината но претходно постапиле така како што тој сега бара од нив и ги наведува по име кои фирми“ – вели Груевски.

Судот и судијката, и обвинителите кои мене ме осудија за мерцедесот, него го ослободија за ова – додава Груевски, иако има ПИ мерка со наредба на обвинителството, со звук и слика. Експлицитно, објаснува Груевски.

„Судиите се или преплашени или дел се блиски до СДСМ“ – вели Груевски, објаснувајќи ја одлуката на судиите во процесите против него и против Заев.

Груевски за „едно евро за Вицето – едно за црквата“

Груевски за „едно евро за Вицето – едно за црквата“

Posted by infomax.mk on Sunday, February 17, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This