(Видео)ЗАЕВ „ИЗГОРЕ“ ВО АВСТРАЛИЈА: Запалена слика од Заев на протестот во Австралија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На протестот на иселениците во Австралија за зачувување на уставното име, изолирана група од оние кои излегле на протест запалија слика од премиерот Зоран Заев.

На семакедонските протести кои вчера беа организирани од Македонската дијаспора во Австралија, беше прочитана резолуција во седум точки, со која беа испорачани барањата од протестите, а за „персона нон грата“ од страна на дијаспората беше прогласен Зоран Заев, Шеќеринска и Никола Димитров.

Во резолуцијата беа поставени и седум барања на Македонската заедница во дијаспората, меѓу кои и итен прекин на преговорите за името, прекинување на преговорите и договорите за добрососедски односи со земјите од нашето опкружување како и итно повлекување на законот за двојазичност.

Преку 60.000 Македонци на протестите низ Австралија побараа и итно ослободување на притворените патриоти, како и итен прекин на притисокот кој се врши врз МПЦ – ОА категорично одбивајќи да прифатат БПЦ да биде мајка црква на, како што велат, апостолската Македонска Православна Црква.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This