(Видео)ИМАМЕ РАБОТА СО КРИМИНОГЕНА ВЛАДА: Ова е криминогена власт која гледа само за лична корист

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Горно Лисиче, а таму оствари средба со граѓаните и членовите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Горно Лисиче.

Мицкоски посочи дека имаме работа со криминогена влада и власт која гледа за лична корист додавјаќи дека Заев не може да се извлече од скандалите кои сам ги креираше.

-Вчера го гледам несмасно пред судот кажува како го навеле да краде, небаре е мало дете, а во истата таа снимка кажува дека и од други барал средства по истиот принцип за да им заврши работа на луѓето. Дефинитивно криминогеноста е заштитен знак на владата, вели Мицкиски.

Тој на средбата истакна дека економијата во државата стагнира додека целиот свет и Европа имаат раст на БДП од 4 или 5%, додека нашиот бруто домашен производ е еднаков на нула.

– Ликвидноста е на катастрофално ниско ниво, индустриското произвотство бележи негативни рекорди, градежништвото за 20% е послабо од тоа што било во истиот период минатата година. Имаат помалку 100 милиони евра странски директни инвестиции од тоа што било претходната година, која патем речено не беше од тие кои беа поуспешни. А денес имаме уште еден лош податок според кој капиталните расходи од Буџетот во првиот месец од оваа се со реализација од 1%, а заклучно со вториот месец се на ниво од 4%. Ако немате капитални расходи не може економијата понатаму никако да расте, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ако се продолжи со оваа динамика, оваа година и следната 2019 ќе бидат многу тешки години бидејќи само за 2018 година до сега има 566 милиони евра задолжување, депозитите моментално се за 214 милиони евра помали споредено со 31 мај. Тој потенцираше дека најмногу загрижува тоа што немаат идеи, а се што беа проекти од минатата власт се стопирани.

Мицкоски потенцираше дека ситуацијата на полето на економијата е многу лоша. Истакна дека очекува ваквата ситуација во државата да се продлабочува и да се интензивира во периодот што следува, бидејќи Владата на СДСМ нема визија, идеја и програма.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This