(Видео)КРВАВ ПИР ВО ЈЕМЕН: Во самоубиствен напад убиени 48 војници, 84 ранети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 48 јеменски војници денес се убиени, а повеќе од десетина се ранети во Аден, во напад на бомбаш-самоубиец припадник на ИСИС, јавуваат агенциите повикувјаќи се на воени претставници и лекари

jemen_isis

Мета на нападот биле припадниците на војската кои се собрале да ја подигнат платата во близина на базата на североистокот на Аден. Бомбашот-самоубиец незабележан влегол меѓу војниците додека чекале пред куќата на шефот на специјалните сили за Аден, полковникот Насер Сареа, во близина на базата Ел Савлабан, а потоа се разнел.

„Бројот на убиени порасна на 48, а ранети се уште 84 припадници на војската“, рекол за АФП шефот на здравствената служба во Аден Абдел Насер ел Вали.

https://www.youtube.com/watch?v=VN7jF8N6SHM

Вали првично рекол дека има 40 загинати војници, но предупредил дека тој број најверојатно ќе расне поради тоа што некои се наоѓаат во критична состојба. Сареа рекол дека бомбашот го „искористил собирот и детонирал експлозив додека бил меѓу нив“. На местото на експлзијата може да се видат крави локви и расфрлани чевли, наведува АФП. ИСИС презема одговорност за нападот, а во соопштението е наведено дека бомбашот-самоубиец, „кој сакал да стане маченик“, поминал низ контролниот пункт пред да се разнесе. Во Ел Савлабан пред осум дена е извршен сличен напад во кој беа убиени 48, а ранети 29 војници. Јеменските власти со месеци водат кампања против џихадистите кои се активни на југот и истокот на сиромашниот Јемен. ИСИС и нивниот терористички ривал Ал Каеда го искористиле судирот помеѓу властите во Јемен и Хутите кои ја контролираат престолнината во Сана да го засилат присуството во јужниот дел на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This