April 24, 2024, 10:19 pm

(Видео)КРИМ СТАНА НЕОСВОИВА ТВРДИНА: Распореден и новиот ракетен артилериски систем „Панцир-С“ на Крим!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Службата за медиуми на рускиот Јужен воен округ соопшти дека артилерискиот ракетен систем „Панцир-С“ за Божик е разместен на полуостровот Крим, пренесува Рамблер Њуз сервис

csm_pancir-s_ria_4450fe0456

По ракетниот комплекс С-400 „Триумф“, кој е разместен на Крим во декември 2016 година, како додатно вооружување за заштита на полуостровот и Јужниот воен округ доаѓа и артилерискиот ракетен систем „Панцир-С“. Освен тоа во текот на 2016.година на Крим се распоредени повеќе од 40 единици на воената техника како што се авиони СУ-25СМ, СУ-30СМ, хеликоптери МИ-8ААТМШ „Терминатор“, КА-52 „Алигатор“, МИ-28Н „Ноќен ловец“ и МИ-26.

Зенитниот артилериски ракетен систем 96К6 „Панцир-С“ првобитно настана во почетокот на деведесетите години од минатиот век и оттогаш трае модернизацијата и усовршувањето. Современата верзија е воведена во вооружувањето на руските противвоздушни сили во 2012.година, а интересен факт е тоа што овој артилериски ракетен комплекс до сега не е употребен во ниту една војна.

„Панцир-С“ е вооружен со автоматски топови .2А38М калибар 30мм и наведувачки ракети 5736Е кои соборуваат цели на оддалеченост од 18 до 20 километри на висина до 15 километри.

https://www.youtube.com/watch?v=5WC9Ou56cxM

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This