April 26, 2024, 10:15 pm

(Видео)МЕЧКАТА ЗАИГРА И КАЈ КОМШИЈАТА: „Ослободителна армија на Чемерија“ се заканува со војна во Грција за да се ослободи Чемерија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека преговорите со Скопје се во целосен залет, Албанските националисти ја искористија приликата да ја присвојат територијата Превеза (Чемерија). Со објави на социјалните мрежи и нивни веб-сајтови тие повикуваат за почит кон борците на терористичката УЧК(УЧЧ во Грција) од Македонија и Косово – пренесува грчката телевизија Стар

„Прашањето за Чемерија е национално прашање, ако не може да биде решено дипломатски, тогаш ќе се реши со војна. Голема Албанија се простира до Чемерија и бидете сигурни дека до ноември 2018 Албанското знаме ќе се вее над Чемерија. Грчките цркви нема да се градат и ќе се срушат. Книгите на нашата историја ќе пишуваат за сите наши Албаски земји, вклучувајќи ја и Чемерија, повикувајќи се на геноцидот против албанците од минатото“, вели Тахир Велиу „претседател“ на „Обединета Албанија“, пренесува грчката телевизија.

Албанците нема да запрат тука. Самопрогласената „Ослободителна армија на Чемерија“ водена од Фестим Лато, како и „претседателот“ на Чемерија Командант Цами кои позираат во маскирни униформи, веќе започнаа војна против Грција на нивните Фејсбук страници:

„Почитувајте ги сите борци од Косово и Македонија, каде што и јас се борев, и наскоро доаѓаме во Чемерија“ – стои на страниците на социјалните мрежи на терористите.

Националниот албански фактор, кој е многу чувствителен кон национализмите при што ќе има значителна поддршка, што за шест месеци може да достигне до 1.000.000 восници албанци од сите територии. Но, и надворешниот меѓународен фактор, затоа што Фестим Лато кој ја држи позицијата Директор на Западен Балкан испратен од Европската Комисија, која изразила доверба за Фестим Лато, но и САД, која изрази поддршка за Албанците во борбата за самоопределување на нациите, но и затоа што Фестим Лато е крипто билка, кој според изворите на грчката тајната служба НИС, објавени пред некое време, е еден ас во ракавот на Израел во Балканот.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This