(Видео)МОРА ДА БИДЕМЕ СЕВЕРНА, ВЕЛИ ЗАЕВ: Додавката „северна“ е цената за влез на Македонија во ЕУ и НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уставните измени ќе влезат на сила кога Грција ќе ја ратификува спогодбата во грчкиот Парламент и ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО, кажа премиерот Зоран Заев на стартот на дебатата за нацрт-уставните амандмани на Комисијата за уставни прашања.

 

Тој ги повика пратениците да се вклучат и да дадат поддршка за уставните измени.

Заев ги образложи нацрт-амандманите за кои рече дека ,,се во согласност со меѓународното право и стандардите за човековите права и се во интерес на Македонија“.

Во преамбулата на Уставот на Република Македонија согласно предложените нацрт амандмани АСНОМ нема да се брише, туку ќе биде двапати споменат. Ова го истакна премиерот Зоран Заев образложувајќи ги нацрт уставните амандмани кои произлегоа од Договорот во Преспа.

– АСНОМ не се брише од преамбулата наспроти АСНОМ сега ќе се споменува двапати. Со предложениот амандман со делот на АСНОМ се појансува дека се повикуваме на правните прашања што се содржани во прогласот на АСНОМ а кои се темелот на нашата државност, а не на политичките декларации донесени во тој момент во 1944 година, рече премиерот.

Наведувајќи ги деветте решенија што се набројани во прогласот, рече дека покрај правните прашања донесен е и Манифест како политичка декларација во која има делови што ги повикуваат Македонците од Бугарија и од Грција да се ослободат од поробените територии. Манифестот, потенцира, останува да биде важен политички документ од нашата историја, но во Преамбулата ќе биде појаснето дека темелите на државноста се лоцирани во правните прашања на АСНОМ, а не на политичките декларации од тој момент во 1944 година, а кои би можеле да се протолкуваат како аспирации на нашите соседи што е спротивно од градење на пријателство и желбата за зголемување на соработката.

Во преамбулата, како што е предвидено, се додаваат и зборовите Охридски рамковен договор со што, истакна премиерот, потврдува неговата историска важност.

Тој појасни дека најважните делови од Охридскиот рамковен договор се веќе инкорпорирани во Уставот и дека врз основа на овој договор е темелно променет, и оти единствено нешто што го нема во Уставот е името Охридски рамковен договор.

Премиерот ги образложи сите предложени четири амандмани.

Оцени дека овој процес Владата го водеше транспарентно во консултативен процес со парламентарното мнозинство, вклучувајќи ја и новата пратеничка група од коалицијата „За подобра Македонија“ и со останатите пратеници со кои, како што рече, секогаш е вредно да се разговара за одредени идеи.

Пред членовите на Комисијата за уставни прашања посочи дека иницијативата за измена на Уставот согласно Договорот од Преспа нема ништо спорно и дека предложените нацрт амандмани се во согласност со меѓународното право и меѓународните стандарди за човековите слободи и права и согласно интересите на РМ и нејзините перспективи во евроатлантските интеграции.

Тој оцени дека нацрт-амандманите заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграциите на Република Македонија во ЕУ и во име на новата политичка реалност на пријателство со Република Грција.

За промените во Преамбулата, Заев кажа дека „не се брише АСНОМ, туку останува да биде дел од политичката традиција на Македонија, но темелите на државата ќе ги насочиме кон правните, а не политичките пораки на АСНОМ, кои може да се протолкуваат како аспирација кон соседите“.

Трајко Вељаноски од ВМРО ДПМНЕ рече дека уставните измени ќе имаат ,,трајни последици“. Вељаноски рече дека додавката „северна“ ќе се додава на 50 места во Уставот, а шест пати само во Преамбулата.

Вељаноски смета дека за секоја од овие промени, Владата требало да интервенира со посебен амандман, а не да го вметнува Република Северна Македонија со еден амандман.

-Целиот овој процес ми личи на она со прашањето: Како се јаде слонот, не можеш од еднаш, туку парче по парче. Вие сега тоа го правите, кажа Велјаноски.

Вељаноски напомена дека со уставните амандмани не се заштитува, туку се менува идентитетот. На ова реплицираше премиерот Заев кој кажа дека географската додавка „северна“ е цената која Македонија ја плаќа за интеграција во ЕУ и НАТО, но идентитетот останува македонски.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1934847366604362/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This