(Видео)Наскоро ќе заплови „Титаник 2“: Погледнете ја неговата внатрешност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Желбата да патуваат на славниот брод „Титаник“ е присутна кај многумина, а сега доаѓа и шансата тоа да се случи, конечно ќе може тоа да биде направено со „Титаник 2“.

Најпознатата бродска трагедија на сите времиња е сигурно „Титаник“, брод кој бил познат својата големина и брзина и наводно не можел да потоне. Но, на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк се случи големата трагедија.

По судир со санта мраз на 15-ти април 1912-та година, потонал бродот кој сите ги воодушевил со својот дизајн, технологија и големина. На бродот каде загинаа над 1.500 од 2.224 патници, неверојатен број на детали може да се видат и денес.

Инаку, конструкцијата на новиот „Титаник 2“ е направен според оригиналниот брод и е спој на неверојатна комбинација од денешната технологија и стариот дизајн. Неговата изградба започнала во 2012-та година, но првично било прекината поради финансиски проблеми. Но добрата вест е што се најдени нови спонзори, па се очекува овој брод во 2022 година да заплови и да го заврши патувањето на својот славен претходно. На новиот брод се направени одредени прилагодувања со цел да се надоградат безбедноста и структурата, но „Титаник 2“ ќе наликува што е можно повеќе на оригиналниот брод.

Доколку пак ви е страв од можно повторување на оригиналниот настан, кога немало доволно чамци за спасување, сега не треба да имате грижи, бидејќи на бродот се наоѓаат 18 моторни чамци за спасување, кои се сокриени, а на секој од нив има простор за 250 луѓе, што е многу повеќе од капацитетот на луѓе кои може да ги собере на бродот. Оџаците на бродот се малку надоградени, па таму сега има платформа за набљудување и опрема за навигација.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This