(Видео)НАЈДОБРИ СТЕ, СВАКА ЧАС ЗА СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ: „Инфомакс“ прогласен за бeзбeднoceн pизик во обид за цeнзypa – отсега само ќе ги фалиме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес, редакцијата на „Инфомакс“ од страна на МВР беше прогласена за безбедносен ризик. Да, јас уредникот на медиумот Александар Митовски и нашиот снимател и репортер Борислав Стоилковиќ беа одбиени за акредитација за утрешната посета на државниот секретар на САД Мајк Помпео во Охрид со образложение дека сме безбедносен ризик.

Но како стигнавме до оваа позиција.

Очигледно е нели? Се додека можеа да се справат со прашањата, да релативизираат и манипулираат со одговорите немаше никаков проблем. Напротив, бевме супер и во прилог на власта да прикаже привид на слобода на медиуми. Демек, еве овие од „Инфомакс“ не прават „салата“ – како што тврдеше премиерот – а ние и пуштаме на пресови. Но, во моментот кога прашањата станаа сериозни, индицираа на вмешаност токму на премиерот во најголемата корупциска афера во историјата на независна Македонија, тогаш станавме безбедносен ризик.

Немаше проблем кога баравме акредитации за Папата, немаше проблем кога баравме акредитации за Столтенберг. Далеку повисоко профилирани јавни/политички фигури во светски рамки. Но сега, намерата е „Инфомакс“ да се изолира. Ок.

Од сега ќе ве фалиме. Да, најбоље сте. Најјаки. На прав пат сме. Браво! Ма, еднаш мајка раѓа вакви ко вас. Само за народот да се мисли, а ептен за црквата. Е за црквата, онаа од Вељуса или Водоча се мисли ептен. Со по 60.000 евриќи месечно. Барем такви се шпекулациите. Имало шпекулации и за 200 „тисуча“ секој месец. Браво бе. Такви хуманитарци, такви верници, такви мислители кога станува збор за црквата и народот. Алал вера!

Бра-ВО!.

Туку, не ми кажа Николовски, бидејќи се е супер во државата и на прав пат сме, до каде е стратегијата на СДСМ за заштита на белите мечки од глобалното затоплување. Јер, нема веќе што да се решава во Македонија, блескаме де.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This