Вработените во ОХИС најавија paдикaлизирање на штрајкот пред Владата, откако денес повторно не биле удостоени на состанок со владин претставник пред кој би можеле да ги соопштат нивните проблеми, но и да понудат решенија
Како што велат, денес требало да се сретнат со министерот без ресор Зоран Шапуриќ, но наместо состанок тој им рекол дека има поважна работа и заминал. Наместо министерот, на состанок со вработените во ОХИС бил советникот на Шапуриќ, извесен Зоран, кој ги сослушал но не им понудил конечно решение, само ги известил дека ќе ги пренесе информациите до министерот.
Вработените во загубарот ОХИС, бараат исплата на 24 заостанати плати, како и регулирање на стажот, пензиското и здравственото осигурување.
Претходно, вицепремиерот Анѓушев во потценувачка изјава на стечјаците им „ветил“ исплата на заостанатите трошоци во висина од 24 денари.
Штрајкувачкиот одбор најави радикализација на протестите во текот на наредната недела, блокирање на улицата од 13 до 15 часот. Ги повикаа и останатите вработени да излезат на штрајкот бидејќи, како што велат, со толку малку луѓе како што биле денес, немало ништо да направат и ќе останат на најавените 24 денари кои им ги понудил Анѓушев.