(Видео)ОВА ГО HEMAЛО НИ ВО ТУРСКО: Градоначалникот на Делчево истури четири камиони градежен шут пред приватна компанија како oдмaздa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистински скандал предизвикал утринава градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, откако наредил четири камиони полни  со градежен шут, истиот да го истурат пред влезот на приватна компанија

 

 

Голготата на сопствениците со градоначалникот започнала кога сопственикот на компанијата за технички преглед „Автовозач ФЕР“ од Делчево го пријавил шерифското однесување на шефот на локалната власт во Комисијата за спречување на корупција. Но, откако ДСКС започнале постапка за да ги истражат наодите на сопствениците на компанијата кои го пријавиле поради незаконско бришење на деталниот урбанистички план, градоначалникот започнал да со зakaните.

Како одмазда за пријавата, градоначалникот влегол во улога на шериф па започнал да му се заканува на соптвеникот. Неколку дена подоцна, утринава, пред влезот на компанијата тој без уредна наредба, повикал четири камиони на компанијата „Гранит“ да истурат градежен шут пред влезот во техничкиот преглед, со тоа попречувајќи ја работата на фирмата. Додека ова го правел, на сопствениците им посочил „сега ќе видиш кого пријавуваш во Антикорупциска“.

– Повеќе пати се обратив до државна инспекција, до државна комисија за спречување на корупција, и затоа што сум го пријавил во ДКСК намерно – тоа и ми беше најавено пред неколку дена – дека заради тоа што сум го пријавувал ќе ми истури градежен шут на самиот влез пред фирма за да не можам да функционирам. Едноставно, уништува фирми. – вели сопственикот на „Автовозач ФЕР“ од Делчево, Коста Пантовиќ во изјава за „Инфомакс“.

Најавите дека ќе му ја уништи фирмата денес утринава се оствариле, откако градоначалникот се појавил пред фирмата во „шорц“ на неработен ден, објаснува сопственикот и додава дека кога тој пристигнал пред фирмата го видел Трајковски како наредува автомобилите кои биле паркирани пред компанијата, а кои се приватна сопственост да бидат преместени.

Детален урбанистички план на кој се гледа дека просторот пред „Автовозач ФЕР“ е предвиден за паркинг, а каде градоначалникот истурил градежен шут

На прашањето на сопственикот на техничкиот преглед Пантовиќ, што прави градоначалникот и зошто, тој му одговорил:

– Сега ќе ме запамтиш, па оди нека ти помогне Државна комисија за корупција. Оди пак да ме пријавиш таму.

Во меѓувреме градоначалникот Трајковски се јавил телефонски и ги повикал камионите полни со шут. Откако пристигнале камионите на „Гранит“ градоначалникот лично почнал да им наредува на возачите да го истураат шутот пред влезот на компанијата, кој инаку е приватен.

– Му велам ‘господине што правиш нели дојде живот? Што затвораш фирми, што ги уништуваш луѓето тука?’ ‘Ти нормален ли си, имаш ли ти наредба? Какво самоволие вршиш, каков си ти градоначалник во шорц и во маица?“ – му рекол сопственикот Пантовиќ, на што градоначалникот продолжил со шерифското однесување и давал наредби кој камион каде да го истури шутот.

Posted by Pantovik Dmitar on Saturday, August 31, 2019

Според Коста Пантовиќ, сопственик на компанијата „Автовозач ФЕР“ од Делчево, градоначалникот Горан Трајковски ова го правел за да спречи раст на компанијата која важи за една од најголемите работодавачи во овој дел на Македонија, но и како одмазда бидејќи тој го пријавил во ДКСК поради незаконското работење на општината.

– Во ДКСК го пријавив поради злоупотреба со донесување на деталниот урбанистички план. Незаконски врши прекин на донесување на ДУП кој јас го финансирам. Околу мене има изградено објекти на „Гранит“ без одобрение за градба. Поднесовме барање за вонреден инспекциски преглед и отстранување на тие градби и тој не сака да превземе. И поради тоа сум го пријавил во Антикорупциската комисија. И сега за да одмазди истура градежен шут на асфалтирана, уредена површина (која сами ја асфалтиравме и уредивме) предвидена со ДУП како паркинг простор. – објаснува Коста Пантовиќ, сопственик на компанијата.

Сопственикот на компанијата додава дека ваквото однесување на градоначалникот, за кого и тој гласал, е неприфатливо особено поради фактот што во „Автовозач ФЕР“ има вработено 15 лица, а во објектите сопственост на семејството Пантовиќ има уште неколку компании кои вработуваат повеќе десетици луѓе на кои им е оневозможено да работат.

Posted by Pantovik Dmitar on Saturday, August 31, 2019

Случајот е пријавен во полиција, но откако полицајцит пристигнале на лице место градоначалникот одбил да објасни зошто тоа го прави и избегал од местото на настанот.

Сопственикот најави дека доколку Обвинителството и полицијата не започнат со правна постапка по службена должност, тогаш тој ќе ги превземе сите расположливи законски мерки за да се заштити од шерифскиот однос на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This