- Advertisement -
Пожар избувна во станбена згрда во скопската населба Чаир. Противпожарните екипи веќе го локализираа, објави ТВ 24 Вести.
Две противпожарни екипи беа на терен. Според неофицијалните информации – пожарот бил во стан кој е на последниот кат од зградата.
Нема информации за повредени, иако на местото на настанот беше забележано и возило на брза помош.