(Видео)ПРОСТЕТЕ МУ, НЕ ЗНАЕ ШТО ЗБОРУВА: Коце Трајановски го „прегази“ Шилегов, кој почна да провоцира и избега!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов денеска избега од потпишувањето на „Платформата за чист воздух“, откако неговиот обид за провокација не успеа, па Шилегов соочен со аргументи го напушти настанот.

-Шилегов не знае што зборува, и нема да му замериме затоа што не ја знае оваа проблематика. Со голи пароли сите знаеме, овде нема пароли, овде нема полтика, туку има работа. Јас сум првиот градоначалник, кој што ја отвори Пандорината кутија за загадувањето, Скопје било загадено секогаш, не е тоа од моето доаѓање, туку било многу повеќе. Јас сум првиот градоначалник кој што стави мониторинг станица за мерење на воздухот, кој што ја подигна свеста кај граѓаните дека загадувањето е голем проблем кој треба да се решава. Знаете кои се најголемите загадувачи во Градот Скопје, тоа се домаќинствата кои што се претежно во руралниот дел и блиску до урбаните средини, кои што се греат на дрва и остатоци од мебел, јаглен, рече Трајановски.

Тој додаде дека тие ќе продолжат со субвенции за печки на пелети.

-Сметаме дека треба да се продолжи со продолжување на мрежата за топлификација. За жал, партијата на мојот колега Топлификација ја продаде. Да беше Топлификација под Градот Скопје, како што е во Белград, Загреб и Љубљана, во тој случај градот Скопје ќе инвестираше и во нови мрежи и ќе инвестираше во субвенционирање на затоплувањата. Вие сте сведоци дека имаме повеќе од 13 илјади домаќинства кои што се откажаа од топлификационата мрежа, а ја имаат во своите станови, бидејќи цената е висока, а висока е поради тоа што се приватизира. Да не кажувам што се се приватизира во Градот Скопје, рече Трајановски.

Во областа на сообраќајот, Трајановски рече дека пред 2009-та година немаше еден нов автобус, тие го обновиле целокупниот возен парк на ЈСП.

-Од 2002-ра до 2006-та година дали се набави еден втобус кога беа на власт СДСМ, не. Јас е извинувам што морам вака да реплициирам, но не очекував дека мојот колега ќе биде овде со напади, а не да биде промотивен. Дополнително, со набавката на електричните автобуси ќе се придонесе за намалување на загадувањето во областа на сообраќајот. Исто така, субвенционирањето на такстистите, значи автпобусите и таксистите се превозни средства кои се најчести и секојдневни во сообраќајот, а исто така и субвенционирањето на приватните автобуски превозници, за да го зголемат степенот на квалитетот на нивните автобуси. Во областа на велосипедските патеки го направивме проектот Велоград, рече Трајановски.

Соочен со ваквите факти, Шилегов се обиде да го испровоцира Трајановски, но откако не успеа, видно нервозен го напушти настанот.

-Зошто ме прозивате мене, нели дојдовме овде да дискутираме. Зошто ме спомнавте мене, му рече Трајановски на Шилегов пред кандидатот на СДСМ да си замине.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This