Два нови МиГ слетаа на аеродромот во Батајница, Србија вчера околу 17 часот попладнето. Испораката на „миговите“ од Русија е продолжена нешто подоцна, кога на аеродромт на Авијацискиот завод во Луховица покрај Москва полета уште еден „Антонов“
Вчера во Србија пристигнаа првита два едноседи „МиГ-29“ воени авиони од последна генерација, од пакетот кој Србија го договори со Руската Федерација.
До петок во Батајница би требало да пристигнат и преостанатите два ловци, по што ќе започне нивното склопување кое заедно ќе го направат српските и руските експерти. Српсакта авијација ќе биде зајакната за шест нови „мигови“, а како што дознава Спутник, се работи за четири едноседи и два двоседи.
„Миговите“ се последна генерација на ловци, со што Србија станува меѓу најмоќните регионални авијации.