(Видео)СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ ВО ШТИП: Група млади во младинскиот центар во Штип ја „разголеле Богородица“ и се исмевале!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 28 август оваа година, на денот на еден од најголемите христијански празници, празникот Успение на пресвета Богородица, во Домот на младите во Штип беше организиран уметнички перформанс, со кои според граѓаните на срамен начин се „величи“ голото женско тело, меѓу сите други облечени.

Според штипјани, подлото исмевање на женската плодност преку симулација на женското крварање и разлеана крв во меѓуножјето на гола жена е јавен срам, поради датумот која бил организиран овој перформанс било исмевање пресвета Богородица.

Според граѓаните, ако се земе предвид дека за штипјани ова е еден од поголемите празници со долга традиција младите масовно да ја посетат истоимената црква во Ново Село, институционално организирање на еден ваков настан токму во Домот на младите е очигледно сквернавење на христијанската светост и исмевање на мајката Исусова.

За штипјани голем проблем претставува што и овој пагански перформанс посетен од малолетни и едвај полнолетни деца, е организиран во Домот на млади, институција која ја води општината, предводена од градоначалникот Благој Бочварски.

Тие прашуваат кои се новите вредности кои се пласираат меѓу младите? Имаат ли институциите некаква одговорност и ја разбираат ли својата улога во општеството? Дали при усвојување на Годишните планови и програми за работа се води ли грижа за поширокиот општествен контекст? Се злоупотребува ли уметноста за да се протнат некои скриени пораки и да се креираат сомнителни трендови?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This