(Видео)СФАЌАЊЕТО ЗА СМРТТА Е ПОГРЕШНО: Нова студија покажува дека мозокот работи 10 минути по престанокот на срцето, а телото во следните два дена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако едно лице е прогласено за мртво, согласно сегашната доктрина за тоа што значи смрт, мозокот продолжува да работи најмалку во следните 10 минути, објавува Националниот институт за здравство на САД согласно најновото истражување

 

Нашето моментално сфаќање за смртта е многу едноставно. Сегашната наука ги смета луѓето за мртви во моментот кога ќе престане да работи нивното срце, во моментот кога респираторните и кардиоваскуларните функции ќе престанат да работат, а со тоа и самото постоење на животот.

Но според најновото истражување на Националниот институт за здравје на САД, смртта настапува многу подоцна.

Имено, мозокот е последниот орган во телото кој умира. Во моментот откако ќе престане срцето, мозокот добива силен наплив на електрична енергија кој го одржува во живот во наредните десетина минути. Никој не знае зошто ова се случува, но овој пат е и научно потврдено.

Мозокот престанува да добива кислород, но и покрај ова во наредните 2-20 секунди човекот е свесен. Ова се случува затоа што церебралниот кортекс нема потреба од кислород за да функционира. Овој дел во мозокот е задолжен за размислување и когнитивни постапки. Истиот центар ги собира информациите од другите делови на нашето тело (допир, вкус, мирис, звук) и ги претвара во одлуки. Но и покрај оваа активност на централниот дел на мозокот, човекот ги губи сите мускулни и рефлексни функции.

Во овој момент, мозокот ги живее последните минути од неговото постоење, бидејќи неуроните во мозокот активираат хемикалии кои доведуваат до нивна конечна смрт. Но, оваа акција може да се сопре но само со надворешна помош. Пумпа за кислород е се што го двои човекот од конечната смрт.

Имено, доколку човекот кој се наоѓа на смртна постела може да се врати во живот ако добие надворешна стимулација со кислород и масажа на срцето (дефибрилатор).

Ако нема ваква стимулација, поголемиот дел од мозокот веќе е мртов. Но постои еден дел од мозокот кој сеуште работи. Тоа е центарот за меморија кој ги собира сите најемоционални мемории во вашиот живот. Ова е последниот дел од вашиот мозок кој престанува да работи. Пред да престане да работи, овој центар ги оживува сите животни мемории пред вашите очи, односно, оние најемотивните.

Ова отвара и етичка дилема.

Имено, дали е оправдано едно лице да се прогласи за мртво иако некои делови од телото сеуште работат? Што значи овој нов пронајдок за лицата чии органи биле донирани веднаш по нивната смрт?

Во Р.Македонија, законодавството предвидува дека смрт кај човек се прогласува тогаш кога ќе се констатира и мозочна смрт, односно недостаток на мозочна активност.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This