(Видео)Хаос во Чикаго,кражби и пукaњe кoн полицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотици луѓе кршат прозори,крадат од продавници и се судираат во полиција утрово во Чикаго.

Не е јасно што доведе до немирите, што почнаа малку по полноќ, но анти-полициски графити се насекаде во областа.

Се очекува изјава од полицијата каде што ке присуствуваат градоначалникот на Чикаго и началникот на полицијата.

По улицата „Magnificent Mile“ луѓе може да се видат како трчаат со предмети кои ги украле од продавниците.Искршени излози, тотален хаос и неред се гледа на улиците,  банкомати се на сила отворени, продавниците со бела техника се со оштетени излози и празни каси, паркинзите се со стакло и останати предмети кои крадците не успеале да ги земат со нив.

„Очигледно е дека ова е организирано“ изјави отецот Мајкл Флеџер, познат католички свештеник и активист од месната заедница во Јужниот дел од градот.

Според други изјави на неколку места низ градот се случиле инциденти каде што е пукано врз полицијата додека апселе некој од крадците.

Засега е забранет пристап до центарот на градот, и мостовите што водат до центарот се кренати за да се спречи влез и излез во опасната зона.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This