(Видео) Бајден ja пpими тpeтaтa дoзa: Амepикaнcкиoт пpeтceдатeл ги пoвикa гpaѓaнитe нa вakцинaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден ја прими третата доза од вакцината „Ковид-19“, со надеж дека ќе им даде силен пример на Американците да прифатат дополнителна доза, додека некои од нив се уште не ја примиле првата.

Во Соединетите држави, третата доза на вакцината Фајзер/Бајонтек беше одобрена минатата недела за сите луѓе постари од 65. години, оние кои се повеќе изложени на вирус поради работа и луѓе на возраст од 18. до 64. години со ризик фактори за развој на посериозна форма на болеста.

Бајден, кој има 78. години, ја примил првата доза на 21. декември минатата година, а втората на 11. јануари, која беше пренесувана во живо на телевизија со цел да се поттикне населението да се вакцинира.

Околу 60 милиони Американци имаат право на трета доза од вакцината, а од втората треба да поминат најмалку шест месеци.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This