(ВИДЕО) БУГАРИЈА НЕ ОТСТАПУВА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Заменикот на Захариева категоричен – Нема отстапки во спорот за Гоце Делчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија нема да отстапи пред С. Македонија во спорот за историската вистина за Гоце Делчев, категоричен е заменикот шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев.Тој во интервју за емисијата „Офанзива“ на телевизијата Канал 3 посочи дека во однос на потеклото на рев олуционерот Владата во ништо не се разликува од кој било родољубив граѓанин на Бугарија.

Заменик министерот за надворешни работи Георг Георгиев гостин во емисијата „Оф анзива“

„Зборуваме за историска личност која е со неспорно потекло и како што Бугарија постојано подвлекува, со потполно неспорна припадност кон бугарскиот народ. Тоа што во одредено време се правеа некои интерпретации, не значи дека ние ќе отстапиме од своите интереси и своите позиции за кои многу пати зборуваа министерката за надворешни работи Захариева и премиерот Борисов. Тоа истото ќе го каже Ви го каже секој Бугарин – изјави замени министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев.
Во однос на грешката што ја направи премиерот Борисов кој наместо како македонски, го ослови претседателот Пендаровски како „северномакедонски“ политичар, Георгиев истакна дека се работи за ситна работа, која не треба да биде нагласувана, ако се има предвид огромната заложба и напорите кои Бугарија ги вложува за што побрза евроатланска интеграција на С.Македонија.

Георг Георгиев, заменик министер за надворешни работи на Бугарија
„Ако не беше потпишан Договорот за пријателство и добрососедство, ако Бугарија не почна да зборува за евроинтерграциите, петнаесет години по последното проширување, тогаш немаше ниту да се коментира, ниту да биде на дневен ред тоа прашање. Толку големи работи стојат пред нас и толку многу обврски имаме да завршиме, во октомври очекуваме старт на преговорите за членство во ЕУ, земјата е пред влез е во НАТО и сега не е во ред да се фаќаме за такви ситни работи кога Бугарија е толку добронамерна. Треба да ја пренасочиме енергијата во убава насока – потенцира Георгиев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This