(Видео) БУPHИ PEAKЦИИ ПО РЕБАЛАНСОТ : Популизам наместо развој, ребалансот на буџетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бизнисот paзочаран, откако Владата ги скрати капиталните инвестиции со ребалансот на буџетот за 50 милиони евра, од првично планираните 420 на 370 милиони. Алapмираат дека за нив изградбата на патиштата, пругите и се она што значи побрз транспорт на луѓе и стоки е приоритет и дека овие пари морало да се искористат за продуктивни цели. Сепак, кратењето од клучните проекти било очекувано затоа што секоја година тие потфрлаат поради лooшото планирање и се намалуваат со ребалансот. До крајот на јули се реализираше едвај 24.5% од планираното за цела година.

„Кажавме дека ова е бројка која треба да се образложи, да видиме кои се секторите кои потфрлaaт, односно кои се сегментите кои потфрлаат во реализација на овие проекти. Во секој случај, очекуван беше ребалансот како овие средства би можеле да се наменат соодветно в огодината за да не останат неискористени и секако да бидат вложени в опроекти кои ќе имаат можност да дадат некакви резултати до крајот на годината“ – вели Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори.

Кратењето кај капиталните инвестиции за 50 милиони евра за да се зголемат платите во јавниот сектор за 5% и субвенционирање на платите во стопанството за Владата не е проблем. По бурните реакции во јавноста по објавата на ребалансот на буџетот, од Владата велат дека тоа било вложување во човечкиот капитал.

Аналитичарите, пак, удриja по мерката за субвенционирање на платите во приватниот сектор. 6.5 милиони евра од скратените пари од капиталните инвестиции ќе се пренасочат кон фирмите што ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари. Ќе плаќаат само персоналец, а државата ќе ги подмири придонесите. Годишно, пак, за ова ќе се одвојуваат 40 милиони евра. Експертите велат дека мерката мора да се измени, односно да се намали давањето на плата на рака. Ако се ограничат платите и се намалува субвенционирањето секоја наредна година, мерката ќе има ефект, а од буџетот ќе се потрошат 12 милиони евра помалку за оваа намена.

„Да се ограничи на субвенционирање н аплати само до 24.000 денари, со што би се опфатиле 87.5% од примателите на плата во плико. Вака дизајнирана мерка ќе даде ефект намалување на појавата давање на плата во плико, па така од 19.1%, истата ќе се намали на 5.8%, а од буџетот годишно ќе се издвојат 28 милиони евра“ – вели Благица Петрески од Институтот за економски истражувања „Фајнанс Тинк“.

За владата овој предлог е непpифaтлив. И покрај тоа што јавноста негодува зошто повторно од државната каса ќе се плаќаат придонеси кон државниот пензиски и фондот за здpaвствено ocигурување наместо приватни фирми, од Владата велат дека во буџетот имало пари за сите.

„Благодарение на добрите перформанси на буџетот, на неговата ликвидност и финансиска стабилност, Владата утврди дека можат да се алоцираат предвидените 400 милиони денари за супституирање на придонесите и да се овозможи пораст на платите“ – рече владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

По мерката yдpи и довчерашниот советник на Тевдовски во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ. Тој смета дека не треба да субвенционираат високи плати, како оние на менаџери, банкари и слично. Смета дека мерката би имала ефект само ако таа се однесува на вработени со плати пониски од просечната и ако гарантира дека по нејзиниот истек, платите нема да се намалат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This