Вооружениот напаѓач од снимките кој упаднал во кампусот на Универзитетот Перм во истоимениот град во Русија, бил студент на Универзитетот, пренесува ТАС.
Според наводите на полицијата, напаѓачот од кампусот наводно е 18-годишниот Тимур Бекмансуров, кој се забарикадирал во една од училниците.
Студентите од кампусот прво го снимија напаѓачот со пушка како се приближува до зградата, а подоцна на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како преплашени студенти скокаат од прозорците.
Напаѓачот е уапсен од страна на полицијата.
На социјалните мрежи, непосредно пред нападот, Тимур го објаснил процесот со кој тој добил дозвола за оружје. Очигледно, како што пишува Индипендент,тој поминал неколку психолошки тестови, а тој рекол дека го избрал Универзитетот бидејќи пред четири години како таму „направил неколку сериозни грешки“.
“Откога се познавам себеси, отсекогаш сум размислувал за смртта. Не знам колку можам да убијам, но ќе направам се што можам за да понесам што повеќе од нив со мене”, напишал тој.
Видеото може да го погледнете ТУКА.