(ВИДЕО) ВИКЕНД КAРAНТИH БЕЗ ВОДА: Жителите на Нерези тpпaт за вода-побарале помош неколку пати, но пoпycтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во сред пандемија, жителите на средно Нерези трпат за вода. Во 80 часовен карантин, оставени се без најнеопходниот услов за живот. Вода нема ниту за пиење, ниту за капење. Помош барале повеќе пати до сега, но без успех.

Граѓаните велат пумпите за вода се направени од самопридонес во минатиот век, а оттогаш ниту една локална власт не го решила проблемот. Вообичаено вода доаѓа само по полноќ кога спијат. Слаб притисок и нередовен тек, вакво е секојдневието на овие жители во последните 30 години.

Како што ги дочекавме, така и не испратија, револтирани и исплашени за своето здравје. Помош бараат јавно, бидејќи на ниту еден друг институционален начин не успеале да го решат проблемот со водата.

Од водовод велат се работело за поспецифичен дефект на кој работеле во текот на ноќта и кој денеска е решен. Постапиле по пријава на граѓани, но од населбите Трнодол и Жданец. За проблемот на кој укажаа жителите на ул. Козле 3, од водовод велат нема пријава. На фб страната во меѓувреме известиле, дека цистерна со вода ќе врши достава во населбите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This