(Видео) ВО КОЕ СВОЈСТВО БЕШЕ ЗАЕВ ВО ИСТАНБУЛ?: Дали тој ја повтори својата понуда за митo за Вселенскиот патријарх, која што ја дискутираше со лaжниот Порошенко по телефон.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Страховладата“ на СДСМ целосно се потчинува на Зоран Заев и се однесува како воопшто да нема техничка влада и технички премиер за спроведување на фер и демократски изборен процес!, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски побара Владата и лично Оливер Спасовски да одговорат, во кое својство Оливер Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул, со оглед на тоа дека поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција, а не лично до Зоран Заев.

Оттука Оливер Спасовски мора да одговори кој раководи со владата, тој или Зоран Заев?, прашува Стоилковски.

Тој бара Владата пак да одговори, зошто во владините соопштенија се наведува Зоран Заев, односно во која функција Заев е дел од владина делегација и кој му ги сноси трошоците на Заев за посетата на Истамбул?

Стоилковски прашува дали целта на посетата на Заев била тој да ја повтори својата понуда за мито за Вселенскиот патријарх, која што ја дискутираше со лaжниот Порошенко по телефон.

За потсетување, Заев на лажниот Порошенко во телефонски разговор е снимен како вели дека е подготвен да му плaти на патријархот Вартоломеј 100.000 евра во кeш!

Прашањето на коешто сега Заев и Спасовки мора да одговорат е дали му кажале на Вартоломеј за овој разговор, и кој е ставот на Вселенскиот патријарх за намерата на Заев да даде мито од 100 до 150 илјади евра за да Вартоломеј го покрене процесот за афтокефалност на МПЦ?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This