(Видео) Во Куба евakyирани 70 000 луѓе поради тропска бура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Куба денеска евакуираше 70.000 луѓе поради стравување дека тропската бура Елса може да предизвика големи поплави откако претходно ги погоди јужните брегови на Хаити и Доминиканската Република каде што загинаа најмалку три лица.

Кубанската влада отвори засолништа и презеде мерки за заштита на шеќерната трска и какаото од невремето.
Повеќето од евакуираните заминале кај роднини, додека околу 23.000 луѓе се засолниле во владините објекти.

Околу 400 жители на планинските области се засолниле во природните пештери подготвени за итни ситуации.

Следна „мета” на невремето е Флорида, каде гувернерот Рон ДеСантис прогласи вонредна состојба во 15 окрузи.

Елса утрово беше на околу 80 милји северно од Кингстон, Јамајка, и се движеше во правец на запад-северозапад со 20 милји на час.

Бурата зад себе остави пустош, а меѓу најтешко погодените острови се најде Барбадос, каде повеќе од 1.100 луѓе пријавија дека им се оштетени куќите, а 62 објекти се целосно уништени.
Според Националниот центар за урагани во Мајами, бурата била проследена со брзина на ветерот од околу 95 километри на час.

Центарот најави дека невремето постепено ќе ослабува движејќи се кон Куба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This