(Видео) ВУЧИЌ: Нема да дозволам kpиминалци како Боки 13 да peшаваат кој ќе биде на влacт во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија одговори негативно на барањето на опозицијата за формирање преодна техничка влада. Лидерите на Двери и на ЛДП Бошко Обрадовиќ и Чедомир Јовановиќ пред неколку дена изјавија дека решение за излез од политичката криза во која се наоѓа Србија во пресрет на предвремените парламентарни избори на Косово е да се следи примерот од Македонија и да се формира влада во која ќе има претставници и на опозицијата.

–Тој филм нема да го гледате. Додека сум жив, нема да има преодни влади, туку само влада на народот, народот ќе одлучува кој ќе биде влада. Додека сум жив нема да одредуваат криминалци кој ќе биде на власт. Овде нема да има никаков Боки 13, рече Вучиќ.

Со оглед дека во Србија, во наоѓање излез од политичката криза помагаат и поранешните европратеници Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, Вучиќ порача дека тој нема да дозволи меќународната заедница да се меша во српската политика.

–И нема Владата на Србија да ја одредуваат странци, туку граѓаните на Србија. И нема ниту еден претставник на меѓународната заедница да ми соли памет како да изгледа Владата, туку нашиот народ. Вие странци сте добредојдени. Но, да ја уривате владата и да ги донесете на власт тие што не ја добиле довербата од народот, сиктер, нема ништо од тоа, рече Александар Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This