(Видео) Гopeше и бугарско знaмe: Во Вевчани зaпaлeни мacките по вчерашниот изблиk на фашизam

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Втор ден во крајно тензична и драматична атмосфера се одвива карневалот во Вевчани.Со многу пркос ,непредвидливот дух на василичарите кулминираше попладнево кога на плоштадот пред општинската зграда започна палењето на маските, чин со кој што практично завршува карневалот. Изгореа маските кои ја одсликаа македонската реалност,огнот го голтна и бугарското знаме кое василичарите го фрлија.

Но не стивнува револтот кај вевчанци по вчерашниот инцидент кога полицијата го растури дефилето на василичарите,тие денеска цели три часа палеа огнови,факли, пукаа со распрскувачки матерјали дофрлувајќи им на полицајците кои за разлика од утринава , сега беа во значителен број. Малку фалеше да дојде до сериозен инцидент.

-Ако не се почитувале протоколите,велат вевчанци зошто полицијата вчера не го спречи одржувањето на карневалот,зошто не ги стопира маскираните уште на влезот во селото од каде традиционално тргнува поворката на василичарите од Горна и долна маала?

-Зарем заслужува Вевчани со 30 писатели, со врвни интелектулаци од различни области, со човек во првото заседание на АСНОМ да му се деси ова.Ова е навистина жално што ни се случи.Олку специјалци, Бејрут да беше Вевчани немаше да се распоредат, вриеше уште од самиот почеток на денот на влезот во селото беа распоредени специјалци со сета опрема, зошто ?, се прашува Сашо Бетоски-хроничар

Василичарите од утринава го раздижија селото,маскирани-пеејќи патриотски песни. Свети Василиј за нас е свет празник велат вевчанци, кои со зурли, тапани, песни и топла ракија и денес прославуваат.Вчерашниот инцидент ќе остави црно петно врз најстарата карневалска традиција кај нас.

-Немаше потреба од толку полиција,јас мислам дека е политички затоа што сметам дека лицата што беа приведени барем едно од две лица не се од сегашнава власт;

-Се си беше супер,василичари си се направивме си ја теравме поворката; 3.Да беше убаво не беше добро, не требаше да доаѓа полицијата,дојдоа тие напрвија гужва ги собраа луѓето овде немало растојаниа ама тоа беше 10тина минути и помина)

За танго се потребни двајца, вели градоначалникот Јанкоски. Присуството на полицијата вревчанци ги потсети на далечната 1987-ма кога во битката за вода од вевчанските извори, интервенираа специјалците.

– Да Ви кажам најискрено, вината е 50-50 ја лоцирам кај нас 50 % кај вевчанци бидејќи и сами знаете во ковид криза организиравме карневал. 50 % ја лоцирам бидејќи беше евидентно зголемено присуство на полицијата и тоа некако како да им даде поттик на василичарите да реагираат така како што реагираа бурно на ова, вели Сашо Јанкоски-градоначалник на Вевчани

Во координација со Јавното обвинителство, МВР презема мерки за расчистување на вчерашниот случај во Вевчани.Меѓу другото, се анализираат снимките, по што ќе следуваат соодветни поднесоци-соопштуваат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This