(Видео) Девојче вo ypнaтинитe нa Гaзa гo pacплaкa cвeтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потресни зборови на десетгодишно девојче, откако нејзините врсници од соседството беа убиени.

Воените напади помеѓу Израел и Хамас најтешко им паѓаат на жителите на Газа каде секојдневно гинат луѓе, најмногу Палестинци, а видео со десетгодишно девојче од ова разрушено подрачје го потресе светот.

Надин Абдел Таиф почнува да плаче на сред интервју додека ги покажува урнатините позади себе во кои страдале осум деца и две жени, нејзини соседи.

„Не знам што да правам, имам само 10 години. Не можам повеќе да се носам со ова. Би сакала да бидам доктор и да им помогнам на моите луѓе, но не можам. Јас сум само дете. Кога ќе го видам сето ова, буквално плачам секој ден. Се прашувам со што сме го заслужиле ова. Моето семејство вели дека не’ мразат (Израелците н.з.). Едноставно не не’ сакаат зошто сме муслимани. Погледнете ги сите овие деца околу мене, тие се само деца. Зошто некој би фрлил ракета на нив и би ги убил? Не е фер“, низ солзи зборува Надин.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Во меѓувреме, немирите помеѓу Израел и Хамас не стивнуваат. Напротив, се интензивираат. Израел продолжи со воздушни напади во појасот Газа, но ниту Хамас не остана должен, па лансираше ракета во насока на Тел Авив. Петти ден откако почна новиот конфликт, загинаа стотици луѓе, а Израел тврди дека на нивна територија, од правец на Газа, се фрлени повеќе од 2.000 ракети.

Последна вест е дека во воздушен напад Израел ја уништил кулата во која се сместени редакциите на телевизијата „Ал Џезира“ и на агенциите „Асошиејтед прес“ и „Франс прес“.

Светските сили повикаа на смирување на тензиите, освен турскиот претседател кој повика муслиманскиот свет да го „избрише“ Израел.

Извор: mastilo.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This