(Видео) Добредојдовте во иднината: Paзузнавањето на CAД ја coмничи Русија за нaпaди со „нacочена енepгија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската раузнавачки агенции се сомневаат дека Русија стои зад наводните „насочени енергетски“ напади против американски службеници, изајвиле за весникот The Washington Post неименувани претставници на разузнавачката заедница во САД.

Како шти се наведува во статијата, станува збор за можни ефекти од употреба на микробранови. Високопозициониран функционер на администрацијата во Вашингтон, кој зборувал под услов да остане анонимен, за The Washington Post изјавил дека во рамките на истрагата која е во тек „мораме да се осигуриме дека сѐ ќе биде сфатено како што треба“.

Претходно во мај годинава весникот The New York Times објави дека повеќе од 130 американски дипломати и припадници на воениот персонал во странство се соочуваат со мистериозни проблеми повразни со оштетувања на мозокот. Првично, уште пред пет години беа пријавени 60 случаи на здраврствени проблеми кај службеници на американските дипломатски мисии во Кина и на Куба. Потоа, слични здравствени проблеми биле забележани и кај дипломати во Европа и во централна Азија.

Таквите случаи, пак, кои се пријавени на американска територија, според соговорниците на WP, најверојатно се последици од изложеноста на тие службеници додека престојувале во странство. Според весникот, интензитетот на мозочните нарушувања се движел од главоболки до помисли за самоубиство.

Весникот Politico, пак, повикувајќи се на свои анонимни изводи, објави дека САД се сомневаат дека руското воено разузнавање ГРУ сто зад наводните „напади со насочување на енергија“. Во Вашингтон не поседуваат црвсти докази за ваквите обвинувања, но сѐ уште не е позната причината за таквите бројни инциденти, забележува весникот.

Во јуни годинава новиот американски државен секретар Ентони Блинкен, изјави дека администрацијата на претседателот Џо Бајден нема сознанија за тоа кој е одговорен за претпоставените напади од тој тип.

Според медиумските извештаи, во некои од испитуваните случаи забележана е сличност со таканаречениот „Хавански синдром“ кој се рашири меѓу американските дипломати во престолнината на Куба во 2016 и 2017 година, како и во Кина во 2018 година. Тие, како што се верува, биле изложени на бесчујни за човечкото сетило континуирани акустични ефекти кои предизвикале долгорочни здравствени последици.

Последните години во американските медиуми повремено се појавуваат извештаи за наводни „руски акустични напади“, а Москва повеќепати ги оцени како „потполно апsурдни и зачудувачки инсинуации“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This