(Видео) Дрвошанов: Гоце е Македонија е единствената порака што од ова место денеска треба да се испрати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унија на Ветерани од Струмица заедно со членови на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, на демот на смртта на најголемиот македонски револуционер, Гоце Делчев, одржаа мирен протест во знак на револт на преговорите на актуелната влада на чело со Зоран Заев поврзани со ликот и делото на Гоце Делчев и предавството на националните интереси.

Свое обраќање на протестот имаше Жан Дрвошанов, Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата изјава можете да ја погледнете ТУКА

„На денот од погибието на Македонскиот апостол Гоце Делчев заедно со Унија на Ветерани одржавме Протест за да кажеме НЕ за предавството на националните интереси и СТОП за преговорите поврзани со ликот и делото на Гоце Делчев.
Добрососедските односи да ги градиме на еднаква и достоинствена основа.
Побаравме наместо нејасни говори Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски да одговори дали се согласува со политиката на Зоран Заев?
Единствена порака што од ова место денеска треба да се испрати е:
ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This