Германската канцеларка, Ангела Меркел, пристигна во Тирана, каде што албанскиот премиер Еди Рама ја пречека со највисоки државни почести.
На Меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана, Меркел беше пречекана од страна на министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, и од други функционери.
Во меѓувреме, официјален државен пречек за Меркел е организиран во Тирана, каде што беа присутни премиерот Еди Рама, министрите во владиниот Кабинет, како и други функционери во земјата.
Но законите на „Марфи“ проработија и овој пат па така се заглави вратата од автомобилот во кој се превезуваше германската канцеларка.
Погледнете како изгледаше тоа:
Отвори, отвори, отвори… pic.twitter.com/AV0BMCpEoX
— г-дин Македон ®️ (@makedon_od_MKD) September 14, 2021
Целото видеот погледнете го тука.