(Видео) Евakyaцијата е во тек: Два големи пожари и се зakaнуваат на Атина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради силниот ветер брзо се шират и се надвор од контрола двата големи пожари што претпладнево избувнаа на две локации во западниот и југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина. Поради ширењето на пожарите, од жителите на седум населби е побарано превентивно да се евакуираат.

Особена загриженост предизвикува пожарот во југоисточниот дел на Атика, каде што неофицијално предизвикана е штета на домови, а интервенираат 91 пожарникар со три пешадиски тима, 34 возила, шест авиони и шест хеликоптери, помагаат и цистерни од општината, додека пак акцијата ја координира началникот на противпожарната служба Стефанос Колокурис.

Дел од жителите заедно со пожарникарите и волонтерите се обидуваат на секој можен начин да спречат, огнената стихија да стигне до куќите.

Во вториот пожар, во западниот дел на Атика, интервенираат 61 пожарникар со еден пешадиски тим и 25 возила, а периодично учествуваат и пет хеликоптери и осум авиони.

Преку бројот за итни случаи 112 беше испратена порака до жителите на неколку населби во близина на двата пожари, превентивно да се евакуираат, иако станува збор за населби што не се густо населени.

Силниот ветер дополнително да ја отежнува работата на противпожарните сили и брзо ги шири пожарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This