March 29, 2024, 12:19 pm

(Видео) Забpaнетата македонска историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е спот од песната “Налеј налеј” која се користи во првата епизода на играната македонска серија “Македонија” која почна да се снима во 2015/2016 но по промената на власта во 2017 година се прекина снимањето и се раскинаа договорот со продуцентот Јадран Филм а по сценарио на Александар Русјаков, финасиски подржано од поранешната влада.

Беа предвидени 80 епизоди во кој низ разни човечки и љубовни приказни ќе беше доловена и македонската историја. Снимањето беше предвидено да биде во Македонија, Хрватска, Бугарија, Грција, Франција, Русија, Австрија, Италија и други држави. Продуцентот Јадран Филм врз основа на приложеното сценарио веќе беше склучил дистрибутерски пред договор со најголемата дистрибутерска куќа во Европа, така што освен пред македонските гледачи оваа серија заедно со македонската историја во неа ќе се најдеше пред Тв екраните на повеќето земји во Европа.

Првата епизода се однесуваше на гемиџиите. Во пансион во Париз, каде како млади студенти во Швајцарија, се собираат и ги договараат солунските атентати, Кирков и Шатев се вљубуваат истовремено во газдарица на пансионот каде се сместени, младата годпоѓица Мадлен.

Таа го одбира Кирков, кој подоцна загинува во солунските атентати. Заедно со нив ја пее “налеј налеј”.

Пет години подоцна Шатев, одкако добива амнестија, се враќа од заточеништво од Африка и оди во Париз да и ја соопшти веста за смртта на Кирков, а таа му кажува дека во меѓувреме немала друг маж и го чекала Кирков да се врати.

Историските настани во серијата се вистинити и продуцентската куќа имаше ангажирано група историчари кои соработуваа со сценаристор на серијата Александар Русјаков.

Историските настани во 80те епизоди се од периодот помеѓу 1870 па се до 1952 година.

Во спотот доминираат снимки од првата епизода каде Павел Шатев е преставен и како млад гемиџија и како возрасен пред неговата смрт прогонуван од комунистичкиот режим.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This