(Видео) Заев бил „мотиварот“: Си призна се околу случајот „Шик Јелак“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев во вчерашното гостување во „само интервју“ само уште еднаш призна дека тој директно бил вмешан во скандалот помеѓу Заев и црногорскиот бизнисмен Дака.

-Советниците на општина Тетово ја консултираат централата и да насоката беше да гласаат како што гласаа и другите од мнозинството. Согласност во февруари е дадено, во постапката за донесување на урбанистичките планови јас сум мотиватор да се носат урбанистичките планови, рече Заев вчеравечер во „Само интервју“ на канал 5.

Со ова уште еднаш се потврдува дека самиот Заев им кажал на советниците од СДСМ во Тетово да гласаат за коруптивниот бизнис на Дака Давидовиќ тежок 200 милиони евра.

Инаку за овој случај првично информираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ која обвини дека се работи за една огромна афера, како и дека процесот на носење на детален урбанистички план за изградба на згради и деловни објекти во центарот на Тетово за кои гласаа советниците на СДСМ и ДУИ во советот на општина Тетово е донесен во нетранспарентна постапка.

-Се работи за една огромна афера која што во континуитет ја објавувам последните недела дена, за жал досега не добивме релевантен одговор од ниту една надлежна институција. Имено, на само еден ден после формирањето на старо новата влада на СДСМ и ДУИ, мнозинството на СДСМ и ДУИ во советот на општина Тетово гласа детален Урбанистички план со кои што се предвидени 230 илјади метри квадратни корисна површина, односно некаде околу 2000 стана со 8.000 жители и Трговски центар поголем од Сити мол во Скопје, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за дневникот на Канал 5 телевизија.

Но, постојат сериозни индиции кои покажуваат можна поврзаност на сега веќе осудениот Зоран Милевски Кичеец со Дака, бидејќи за време на предизборието од емитуваните нелегално снимени разговори можеше да се слушне дека продажбата на компанијата ШИК Јелак Тетово ја договорил Милевски Кичеец со црногорскиот бизнисмен Дака, кој наводно дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратен простор за да се заврши постапката, а во разговорите беа и спомнати премиерот Заев и вториот човек на владата, генералниот секретар Драги Рашковски со Кичеец наводно договарал средби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This