(Видео) Заев од Охрид: Спopoт меѓу Грција и Република Македонија беше пpeceдан во политичката историја и во меѓународните односи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на Првата меѓународна конференција во рамки на Преспа форумот за дијалог во Охрид, порача дека Балканот може, Балканот испорачува, Балканот е новата надеж на Европа, Балканот е Европа.

„Ние денес, врз основа на нашето искуство од патот до Преспа и до Договорот со Грција, слободно можеме да го кажеме тоа со потполно право. Ние сме Европа, повеќе од кога било“, порача тој од Охрид.

Зборувајќи за Преспанскиот договор, премиерот истакна дека решавањето на прашањето со Грција беше преседан во политичката историја и во меѓународните односи, нарекувајќи го решението иновативно, успешна приказна, која треба, и може да има домино ефект и врз други отворени прашања во регионот.

„Од денешна перспектива јас со полно право можам да кажам дека во решавањето на тридецениското прашање со Грција употребивме методологија која до тогаш не беше позната. Оние кои беа проблем одеднаш, и без булдожер дипломатија од трети страни, почнаа да решаваат проблем. Спорот меѓу Грција и Република Македонија беше преседан во политичката историја и за негова разврска беше неопходно да се најде решение за кое не постоеше пример во политичката историја и во меѓународните односи. Беше потребно иновативно решение, кое ќе излезе од рамка. И дојдовме до решение. Тогаш кога сите тврдеа дека тоа е невозможно. Ставивме крај на еден спор. Ставивме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите. За да се постигне ваков договор потребни беа верба дека проблемите можат да се решат и јасна визија. Но, потребни беа и издржливост и упорност. Договорот имаше за цел да го надминеме минатото исполнето со недоверба и навистина да градиме заедничка иднина. Светот прифати дека и од Балканот може да дојде успешна приказна, која треба, и може да има домино ефект и врз други отворени прашања во регионот, преку нејзината темелна вредност, а тоа е“, решение е можно кога за тоа има јасна воља, нагласи Заев.

„Такви се лидерите на Европа. Што ќе беше Европа денеска ако не беа лидерите кои на политичката сцена излегуваа со политички потези за паметење? Што ќе беше ако не беше нивното политичко наследство заради кое ние денеска ги уживаме плодовите на нивното визионерство? Од држава со авторитарни тенденции, со ускратена или никаква слобода на изразување и лимитирани медиумски слободи, нашата демократија се консолидираше и се унапредува со секој изминат ден. И еве, денес, горд сум што низ „Преспа форумот за дијалог”, создаваме и извезуваме нови демократски вредности, порача Заев на официјалното отворање на Конференцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This