March 28, 2024, 10:06 pm

(Видео) За ваков пpoпуст се лeжи во затвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик уредникот на Инфомакс, Милош Милошевски го коментира шокантното видео кое ексклузивно го објави Инфомакс на кое се гледа за колку кратко време изгоре модуларната болница во Тетово.

Тој истакнува дека од црниот чад кој излегува од болницата може да се претпостави дека е користен високозапалив материјал полиуретан при изградбата на болницата.

Доколку истиот е користен и во другите модуларни болници тие веднаш треба да бидат ставени под клуч.

-Почитувани читатели, на Инфомакс е објавено видеото од безбедносните камери на кое се гледаат првите моменти од катастрофата која ја затекна модуларната болница во Тетово.

Од видеото може да се забележи дека речиси целата модуларна болница е зафатена од пламени јазици во рок од 3 минути.

Она што е забележливо е густиот црн чад кој сам по себе е отровен за секој што ќе го вдише и особено е штетен за пациенти со сериозни белодробни нарушувања предизвикани од коронавирусот.
Густиот црн чад упатува на тоа дека во модуларните болници е користен полиуретан дериват на нафта за изолација. Станува збор за најлоша квалификација на изолација во случај на пожар – буквално фитиљ!

Ако и во другите модуларни болници се користел истиот материјал сите до една треба да бидат веднаш ставени под клуч, а за пациентите да се најде друго решение за болничко сместување.
За ваков пропуст се лежи затвор, пишува тој на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This