(Видео) За да спаси античка црква, Русија ќе помести цела река

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со цел да се спаси античката Зруг црква Успение на Пресвета Богородица во Северна Осетија, еден од најстарите христијански споменици на територијата на Русија, експертите планираат да го поместат течението на реката, објави Patriarchy.ru.

Храмот Зруг се смета за единствен споменик на архитектурата и историјата, а на неговите sидови се зачувани остатоци од фрески, кои датираат од 12 век. Специјалните единици, свештениците и следбениците се обидоа да спpeчат уништyвање на храмот , сместен во тешко достапната клисура на надморска височина од над две илјади метри. Гранката на реката Зругдон, која тече низ клисурата, се движеше со текот на годините и започна да го поткопува подножјето на ридот, на чиј врв стои зграда, како резултат на што нејзините два sида и покривот веќе се cpушија во реката.

Храмот е вклучен во федералната програма за зачувување на зградите на културното наследство, а работите за негова реставрација веќе се во полн ек . Во согласност со проектот, експертите ќе го поместат текот на реката со цел да го спасат храмот.

„Во моментов, се работи на зајакнување на левиот брег на реката, по што истото ќе се стори и со десниот брег“, рече заменик министерот за градежништво и архитектура на Република Северна Осетија-Аланија, Константин Моргојев.

Потоа, според него, се планира изградба на хидраулична конструкција, која ќе служи за забавување на протокот на реката Зругдон. Работите се очекува да завршат до крајот на 2021 година.

Реставрацијата на изгyбениот дел на објектот е планирана за следната година, при што реставрираниот дел ќе се разликува од античките sидови по текстурата на каменот и изгледот, што е предуслов за научна реставрација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This