(Видео) Зошто градините во Сахара се кружни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фармери од Сенегал се на пат да изградат вистински Кинески ѕид, но нивниот ќе биде целосно зелен. Ако некој патува над пустината Сахара во Сенегал вниманието сигурно ќе му го привлечат зелените кругови долу. Тие кругови се зелени градини познати како Tolou Keur и се реинкарнација на проектот The Great Green Wall project. Нив ги дизајнираше агроинженерот Али Ниаје, кој не можел да излезе од Сенегал кога се затвориле границите.

Иницијативата, која беше лансирана во 2007 година од страна на Африканската унија со поддршка од Европската унија, Светска банка и Обединетите нации, првично беше наменета да помогне да се спречи проширувањето на пустината Сахара и на југ. Планот бил да се посади појас од дрвја широк 16 км и долг околу 7.000 км во регионот Сахел, од Сенегал до Џибути.

Сепак, програмата наишла на повеќе проблеми, вклучувајќи и тешкотиите при садењето дрвја во саваната и недостигот на срества. Според проценките на Обединетите нации, посадени се само 4% од планираните 100 милиони хектари дрвја во рамките на целосната програма, а комплетирањето нa програмата до 2030 година ќе чини околу 43 милијарди долари.

Кружните градини сега претставуваат нов, полокализиран пристап кон проектот Green Wall. Во градините се садат растенија и дрвја отпорни на сувата топла клима, како што се папаја и манго, а во внатрешноста на градините се садат и медицински растенија. Три месеци откако ќе биде комплетирана една градина почнуваат месечните инспекции на напредокот.

Но, сигурно се прашувате зошто формата на градините е кружна. Тоа е затоа што таквите форми ги тераат дрвјата да ги пуштаат корењата навнатре. Така бактериите и течностите се задржуваат во градините и се создава и природно ѓубриво.

Според Агенцијата за пошумување на Сенегал, градините Tolou Keur, кои биле одговор на пандемијата на КОВИД-19 и денес ги има дваесетина, навистина се во подем откако почна проектот пред 7 месеци. Кога Сенегал ги затвори границите поради корона вирусот, селата мораше да почнат да се снаоѓаат сами за продукти бидејќи претходно зависеле од увозот на храна и лекови од странство. Токму затоа се родил проектот.

Организаторите се надеваат дека ќе бидат изградени стотици такви градини, со што ќе се стабилизира снабдувањето со храна, ќе се намали ширењето на пустината и ќе се отворат илјадници работни места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This