(Видео) Зaeв веќе се откажа од Делчев: Ако ние треба да го присвојуваме значи не е наш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски, уредникот на Инфомакс во своето гостување во мисијата „А што не е јасно“ го коментираше апсурдниот спор со соседна Бугарија за припадноста на Делчев, посочувајќи дека Зоран Заев веќе се откажал од најголемиот македонски револуционер. Тој елаборираше дека со барањето на Заев да не се присвојува Делчев премиерот и дефакто порачува дека Гоце Делчев не бил Македонец.

-Откажувањето од ликот и делото на Гоце Делчев е апсолутно предавство. Тоа што го направи Зоран Заев кажувајќи дека ние не треба да го присвојуваме Гоце Делчев, тој веќе го предал Гоце Делчев, тој веќе го дал. И сега треба да го присвојува бидејќи е туѓо нешто што треба да се присвојува. Инаку со која друга мерка, план, стратегија или позитивен пример ќе каже Зоран Заев добивме 10-15 милијарди од Европска Унија ни го бараат Гоце Делчев ајде ќе го делиме. Нема не постои такво нешто, особено што во наредниот период не постои аналитичар или експерт кој што верува дека ќе се подобри ситуацијата на економски на здравствен или на било каков друг план. Сите очекуваат крах и тој веќе се случува. Имаме 13 проценти пад на БДП, имаме 246 илјади невработени до втор квартал годинава, каде се 3 и 4 квартал за кои верувам дека процентот е уште поголем. Имаме 22 проценти од популацијата кои што живеат со 100 денари на ден, вели Митовски.

„ШТО НЕ Е ЈАСНО?“ со Љупчо Цветановски

Posted by Alfa Televizija on Thursday, October 1, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This