(Видео) Изрaeл пoвтopнo ja 6oмбapдиpa Гaзa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелските воени авиони ја бомбардираа Газа како одговор на запалените балони кои беа пуштени од страна на палестинците, кои предизвикаа пожари на југот на Израел, пренесува Франс 24.

Засега нема информации за можните жртви од бомбите, но според војската, бил нападнат објект во кој се произведувале оружја кои припаѓале на Хамас.

Милитантите од Газа испратија балони со запалив материјал кон Израел откако Египет посредуваше во склучувањето на договорот за прекин на конфликтот од пред неколку месеци.

Палестинците тврдеа дека со тие балони сакале да извршат притисок над Израелците, за да ги олабават рестрикциите кон Газа.

Поради тие балони, на јужниот дел од земјата избувнаа неколку пожари, кои потоа беа згаснати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This