April 19, 2024, 11:24 pm

(ВИДЕО) И ПОНУДИЛ БРАК ПРЕКУ ИГРАТА СУПЕР МАРИО: Реакцијата на девојката е воодушевувачка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апликацијата Super Mario Maker им овозможува на фановите на Super Mario да дизајнираат и да градат свои нивоа на популарна игра.

И беше само прашање на време пред некој да се појави со идејата да го направи она што го стори Шејн Биркинбајн, роден во Арканзас.

Тој ја користел апликацијата за да ѝ предложи брак на својата девојка Пем Едвардс.

Во видеото, Пем ја игра познатата игра, ги погодува блоковите, собира поени, ја прескокнува бездната и наидува на тули со кои е испишано нејзиното име.

Љубопитна, таа продолжува да се движи во играта и наскоро сфаќа што ја чека.

Подолу, блоковите го формираат најважното прашање: Дали ќе се омажиш за мене?

Воодушевената девојка даде потврден одговор што многу го израдува момчето.

Како и не би кога и ја покажа својата љубов на таков креативен и оригинален начин!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This